Јунајтед потврди: Матиќ останува „црвен ѓавол“ уште 3 години

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2023 година, официјално потврди клубот од „Олд Трафорд“.

Како што беше најавено претходниот ден, Матиќ потпиша тригодишен договор, а се верува дека тој ќе има годишна плата од четири милиони евра.

„Многу сум среќен што имав можност да продолжам да бидам дел од овој одличен клуб. Како играч, сепак имам многу да дадам и да постигнам во кариерата, а тоа да го направам со Манчестер Јунајтед ќе биде голема чест за мене“.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој неодамна изјави дека Матиќ игра во животна форма, исто така е среќен што може да смета на Матиќ.

„Јас сум задоволен што Немања потпиша нов договор, знам дека неговото искуство, професионализам и лидерство ќе бидат од непроценливо значење за оваа талентирана група на играчи. Имаме голема сила на средина со Немања и тој има клучна улога во тоа. Тој е тука веќе три сезони и навистина ги разбира вредностите на играње во дресот на Манчестер Јунајтед. Тој е сè уште многу амбициозен, што ќе биде од витално значење на нашиот пат кон постигнување на целите од следните сезони“, рече Солскер.

Матиќ пристигна на Театарот на соништата во 2017 година за 40 милиони фунти. Одигра 114 натпревари и постигна четири гола, а забележа и 48 настапи за репрезентацијата на Србија.

Слични содржини