Јувентус фрли „јадица“ за Дембеле: Петгодишен договор и 12.000.000 по сезона

од Stefanija Kuzmanovska

Може да се нарече „Специјалност на Јувентус“ во светот на фудбалот. И тоа се рефлектира во фактот дека се доведуваат квалитетни играчи – бесплатно.

Мал „милион“ од нив пристигнаа во Торино последните години: Адријан Рабио, Андреа Пирло, Емре Џан, Пол Погба, Кингсли Коман, Фернандо Љоренте, Сами Кедира, Дани Алвеш …

Јувентус има намера да го стори истото следното лето. Според Радио Каталонија, челниците на италијанскиот клуб стапиле во контакт со Усман Дембеле. Крилото на Барселона влегува во последната година од договорот и има големи шанси да не се согласи да ја продолжи соработката со гигантот од „Ноу Камп“.

Иако Барселона врши притисок врз него, Дембеле не ги прифаќа понудените услови, бидејќи размислува да си замине. За волја на вистината, ниту тој ниту шпанскиот клуб, кои не добија ниту дел од она што го очекуваше од Французите, не беа задоволни од неговото скапо платено пристигнување.

Јувентус подготви понуда што е тешко да се одбие: петгодишен договор, а Дембеле би заработувал по 12.000.000 евра. Единствената „замка“ е што тој ќе мора да дојде за една година, кога ќе му истече договорот со Барселона, бидејќи „црно-белите“ немаат намера да плаќаат отштета за да го земат сега.

Изгледа дека не се расположени во Торино за наводната размена која се споменува дека Барселона ќе ја понуди: Дембеле или Гризман за Де Лихт. На крајот на краиштата, зашто би се согласиле, ако можат да ги имаат Дембеле и Де Лихт во тимот за една година …

Некои медиуми пишуваат дека Пеп Гвардиола, исто така, фрлил око на брзоногиот Французин. Па, ако влезе и Сити во игра, тогаш Јувентус веќе ќе има малку потешка работа. Но, италијанското чувство за бизнис во никој случај не треба да се потценува.

Слични содржини