Каде во странство може да фатите такси без да платите мало богатство?

од desk2
134 прегледи

Жолтите такси возила се симбол на Њујорк, Лондон е познат по традиционалните црни такси автомобили, а за Бангкок се препознатливи тук-тук такси превозниците.

Такси службите може да ви бидат од огромна корист кога патувате во странство, особено ако немате автомобил на располагање, но има драстични разлики во цените за оваа улуга ширум светот.

Во нов и непознат град не би знаеле дали влегувате во возило на легитимна такси компанија или „див таксист“ кој ќе ве „одере“ за сите пари.

Кога патувате секогаш е од корист да се запознаете подобро со локалните обичаи, навики и култура, а тука спаѓа и начинот на користење такси превоз. Дури и да не планирате да користите такси, информирајте се за секој случај дали е подобро да повикате такси возило или да го „фатите“ на улица. Исто така, треба да знаете како се движат цените на такси услугите во градот, односно земјата во која патувате.

Global Taxi Price Index направи анализа на цените на такси превозот во 50 земји ширум светот, односни нивните главни градови.

Каиро е главен град со најевтин такси превоз со цена од 0,45 долари за помината милја. Сепак, туристите се предупредуваат дека често има случаи на пљачкање и напади, особено на жени, па се советува да бидат претпазливи и да бираат проверени такси компании.

Втор на листата за најевтино такси е Мексико Сити каде таксистите наплаќаат 0,65 долари за милја, а трето место е Њу Делхи со цена од 0,76 долари за помината милја. Следат Букурешт (1,1 долар), Манила (1,14 долар), Ханој (1,19 долар), Бангкок (1,36 долар), Рабат (1,37 долар) и Анкара (1,85 долар).

Најскапо такси ќе платите во Берн, Швајцарија каде за една милја се наплаќа 14,1 долари. Такси превозот е скап и во Осло (13,86 долари), Лондон (11,17 долари), Токио (10,1 долари) и Хелсинки (10 долари).