Кадиров побара Русија да употреби нуклеарно оружје, Кремљ се огласи со одговор

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ се залага за „урамнотежен“ наместо „емотивен“ пристап кон нуклеарното оружје, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, за сугестијата на клучниот сојузник Кадиров дека Русија треба да употреби „нуклеарно оружје со мала моќност“ или ниска радиоактивност.

„Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров има право да го изрази своето мислење, но рускиот воен пристап не треба да биде воден од емоции“, коментираше во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кадиров ја искористи можноста да го критикува руското воено раководство за неговите неуспеси на бојното поле.

„Во тешки времиња, емоциите треба да се исклучат. Претпочитаме да дадеме одмерена и објективна проценка на ситуацијата“, им одговори Песков на новинарите, пофалувајќи го „херојскиот придонес“ на Кадиров во вооружената офанзива во Украина.

Основата за каква било употреба на нуклеарно оружје е во нуклеарната доктрина на Русија, рече Песков.

Слични содржини