Каевски за преговарачката рамка: Го имаме најдобриот договор, ВМРО-ДПМНЕ креира лажен мит

од Nikola Popovski

Секој ден од техничката Влада го покажува лажното лице на ДПМНЕ. Се потврдува, едно зборуваат пред – друго прават откако се дел од власта. Јавно, Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ изјави дека не успеале да ја убедат амбасада на соседна Грција, рече портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.

Според него, „ДПМНЕ не може една амбасада да убеди – истите оние кои велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог и преговарачката рамка“.

-Една амбасада ДПМНЕ не може да убеди а не 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка. Уште еден лажно креиран мит, една невистина е целосно разоткриена, кажа Каевски, додавајќи дека „го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме, затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ“.

Oд ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена порачаа дека партијата може да понуди еден европски модел за иднината на државата и решавање на проблемите со Бугарија, а тоа е моделот на Словенија и Хрватска.

-И тие две земји едната членка на ЕУ другата аспирант за членство имаа одреден проблем но тој проблем кој постоеше помеѓу Словенија и Хрватска со помош на Брисел помогна за зачленување на Хрватска во ЕУ. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да делуваме за подобрување на стандардите на Македонија и нивно приближување до европските стандарди. Суштински да се подобри функционирањето на државата, а не со пароли, а во дела да имаме назадување, кажа пратеникот на партијата, Антонио Милошоски.

Слични содржини