Кајли Џенер донираше половина милион за деца болни од рак

од Stefanija Kuzmanovska

Милијардерката Кајли Џенер донираше половина милион долари на Детската болница во Вандербилт и на овој начин му оддаде почит на својот пријател Хари Хадсон, пејач и текстописец, кој беше излекуван од рак.

Џенер, во соработка со непрофитната организација Teen Cancer America, помогна да се отвори дел од болницата каде што ќе можат да се собираат млади пациенти заболени од рак, да играат видео игри, да гледаат филмови и да медитираат.

Уште во 2017 година, таа објави дека започнува да работи со Teen Cancer America. Таа тогаш изјави дека преку роденденската колекција на нејзината линија за шминка собира пари за да ѝ помогне на оваа организација.

„Teen Cancer America е одлична организација и мило ми е што научив нешто за нејзината работа преку Хари. Испраќам добри желби на сите пациенти и нивните семејства“, рече Џенер.

Слични содржини