Кајли Џенер се огласи за шпекулациите дека е бремена (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Од неодамна се шпекулира дека најмладата сестра од кланот Карашијан / Џенер е повторно бремена, а сега конечно пристигна потврда од Кајли.

Имено, пред неколку месеци обожавателите забележаа некои нелогичности на нејзините фотографии и веднаш изразија сомневање дека Кајли наскоро би можела да стане мајка по втор пат.

Иако вешто ја криеше претходната бременост, таа реши да ја открие оваа, и објави видео на Инстаграм на кое се гледа како оди на преглед со раперот Тревис Скот и нејзината ќерка, но и како и рекла на мајка си Крис Џенер дека наскоро повторно ќе стане баба.

Под видеото, таа го означи Тревис со емотикон за срце и бремена жена.

Да потсетиме, Кајли и нејзиниот невенчан сопруг, раперот Тревис Скот, веќе ја имаат тригодишната ќерка Сторми, а таа бременост помина во тајност. Имено, иако се шпекулираше дека е бремена, таа не сакаше да ја потврди или демантира веста.

Кајли објави видео по породувањето каде изјави дека сака тие моменти да ги задржи за себе.

Слични содржини