Кајли Џенер во провокативно издание го покажа трудничкиот стомак (ФОТО)

од Nikola Popovski

Откако најмладиот член на семејството Кардашијан-Џенер, Кајли ѝ откри на јавноста дека очекува уште едно дете со својот избраник Тревис, таа се појави на роденденска забава и го покажа бременото стомаче во специфична облека.

Кајли за стајлинг избра необичен, проѕирен комбинезон од тантела, од познат американски дизајнер, во кој нејзиниот стомак дојде до израз.

Модните познавачи веднаш се сетија како нејзината сестра Ким носеше сличен аутифит во 2015 година додека беше бремена, а очигледно и Кајли тоа го изведе многу добро.

„Секси мајка“, „Изгледаш божествено“, „Секогаш беше оригинална“, „Преубава“, се само некои од коментарите на фановите, иако имаше и негативни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

„Зошто бремена жена шета скоро гола?“, „Не е соодветно да се облекува вака“, „Жена во поодомината бременост, а во ваков стајлинг“, беа само дел од бројните негативни коментари под објавата на младата претприемачка.

Инаку, Кајли ја криеше својата прва бременост од очите на јавноста до самото раѓање, додека овој пат среќната вест за доаѓањето на бебето ја објави преку социјалните мрежи со емотивно видео.

 

Слични содржини