Кајли ги почести фановите со топлес фотка за својот роденден (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Кајли Џенер го прослави својот 23-ти роденден во понеделникот и тоа на посебен начин.

Имено, Кајли во вторникот објави црно-бела фотографија во која позираше топлес и ги покри градите со рацете за да не ги крши правилата на Инстаграм за голотија.

Таа стави капа со превез на главата, а фотографијата ја направи нејзината добра пријателка и фотографка Саша Самсонoва, која ја сликаше и онаа што Џенер ја сподели за нејзиниот роденден.

Но, првата слика беше во боја и беше снимена одблизу. Заедно со неа, реалити ѕвездата едноставно напиша „23“ во римски броеви.

„Те сакам, ангелу“, прокоментира Самсонова под црно-белата фотографија.

Слични содржини