Како да избелите јајца за фарбање – ОВА е убедливо најлесниот начин!

од Vladimir Zorba

Доколку сакате вашите велигденски јајца да бидат совршено обоени, најдобро е да ги избелите пред да ги бојадисате. Белење на јајца можете да постигнете на лесен начин.

Секоја боја, без разлика дали е вештачка или природна, најдобро ќе изгледа на јајцата со бела лушпа.

Суштината на избелувањето на јајцата е на тој начин да се отстрани површинскиот слој од лушпата и да остане следниот кој е посветол. Со самото тоа, и лушпата е малку почувствителна.

Меѓутоа, доколку ја избелите лушпата пред бојадисувањето, сигурно е дека бојата подобро ќе се „прими“ и ќе изгледа поубаво, без разлика дали користите природна или вештачка.

Еве го рецептот:

Потребни ви се: број на јајца по желба (секогаш дополнително варете, ако некое пукне), оцет, вода, мала цедалка, сунѓер (зелениот дел, но не многу остар), боја за јајца и масло или сланина за премачкување јајца.

Првиот чекор е да ги оставите јајцата на собна температура претходната вечер. Исто така, однесете го лонецот во потопла соба, доколку го чувате во ладна остава. Истата приказна за оцетот. Значи сè треба да биде на собна температура.

Потоа измијте ги јајцата под млака вода (не ладна, не топла). Наредете ги во голем лонец, да не стојат едно врз друго. Прелијте ги со млака вода, но измерете колку вода точите. Истурете еднаква количина оцет во водата. На пример, на 20 јајца оди литар вода и литар оцет. Вклучете ја ринглата на средно и оставете ја водата да зоврие.

Кога водата ќе зоврие, намалете ја јачината на ринглата до толку за да може водата да зоврие, но малку, за да се видат меурчиња на површината, но слаби. Водата ќе запени и тоа некоја кафеава боја. Отстранете ја пената со цедалка.

Гответе ги јајцата околу 10-15 минути. Кога ќе се сварат јајцата, истурете во таа вода и оцет, ладна вода. Оставете ги јајцата малку да се изладат, за да не ви ја изгорат раката. Потоа земете сунѓер и тријте ја лушпата што почнала веќе да се спушта под слаб млаз вода. Измијте го јајцето и тоа е тоа што се однесува до белењето.

Слични содржини