Како да се биде среќен по разводот? 5 совети за успешна адаптација

од desk2

Разводот е еден од најстресните настани во животот на една личност, и крајната форма на брачна нестабилност. Оние кои поминале низ овој тежок процес можат да потврдат колку нивниот живот се променил.

Додека е крајно болно да се прекине бракот и соживотот со личноста што некогаш ја сакавте, постојат неколку начини да се најде утеха и среќа преку откривање на себеси како нова личност, стекнување поддршка од другите и донесување позитивни одлуки за вашата иднина. Ова се 5 совети за успешна адаптација:

1. Поврзете се со себе и откријте ги вашите силни страни
Искористете го времето да се потсетите на работите што можеби сте ги заборавиле. Сетете се на она што сте биле пред да се венчате и размислете за тоа што сакате да станете.

Направете листа на вашите доблести, недостатоци и предности, како и на вашите омилени и не толку омилени работи.

Фокусирајте се првенствено на сопствените преференци и обидете се да не ги правите работите што сте ги правеле во бракот, само поради партнерот. Со други зборови, престанете да ги правите работите за другите луѓе и дознајте што вие навистина сакате.

2. Откријте ги вашите желби и можности
Ако имате некои хобија, посветете им повеќе време, бидејќи сега имате многу повеќе слободно време. Ако немате хоби, размислете за она што сакате да го правите.

3. Реорганизирајте го секојдневието
Време е да ги прифатите и да ги создадете навиките и улогите што сте ги имале пред да стапите во брак. Разводот треба да ве поттикне да ги развиете аспектите што никогаш порано не сте ги имале.

На пример, ако вашиот партнер секогаш бил ангажиран за купување на намирници, сега е време да ја преземете и извршите таа улога. Ова значи дека треба целосно да го реорганизирате вашето секојдневие и дека ќе треба да пронајдете нови начини за некои работи.

Не треба да ги гледате овие нови улоги како дополнителен стрес, туку како можност да излезете од вашата комфорна зона. Научите да уживате во новите улоги, ќе сфатите колку сте, всушност, способни и стручни во она што го правите.

За некои работи можеби ќе ви треба помош, затоа слободно побарајте помош од вашите блиски.

4. Пробајте нови работи
Многу луѓе целосно се повлекуваат и затвораат после разводот. Ова е една од причините зошто се јавуваат депресивни симптоми, пропаѓање на социјалниот живот и губење на самоконтрола.

Имено, клучниот проблем во таквите ситуации е стравот. Страв од загуба. Наместо тоа, направете го она што е, секако, најтешко, но најефикасно – победете го својот страв!

Пробајте нови работи што никогаш не сте мислеле дека ќе ги направите. На пример, патувајте на места кои секогаш сте сакале да ги посетите.

Истражување на нови места може да ви помогне да станете свесни за тоа што го сакате и што не ви се допаѓа, бидејќи никој друг нема да влијае врз вашите одлуки. Патувањето е, исто така, одличен начин да се создадат нови сеќавања, кои нема да ве потсетуваат на вашиот поранешен партнер.

5. Поставите нови цели
По разводот често пропаѓаат и заедничките цели што сте ги имале со поранешниот партнер. Во таквите ситуации не чекајте премногу долго пред да ги поставите новите цели.

Овие цели, иако се едноставни и мали, ќе имаат големо влијание врз вашата состојба. Вашите цели ќе ве поттикнат да продолжите понатаму и да се мотивирате да создадете нешто ново.

Поставете си реални и јасни цели и поделете ги на помали цели, за да знаете што сте успеале да постигнете и што сè уште треба да направите.

Слични содржини