Како Џастин Бибер создаде одредени граници во животот

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот пејач Џастин Бибер (27) не користи мобилен телефон, па раскажал дека тоа му помогнало да создаде одредени граници во животот.

Американскиот пејач ја извршува целата комуникација преку iPad, а верува дека не должи никому објаснување за таа одлука, пишува Daily Mail.

Бибер навел дека времето без мобилен телефон му помогнало да биде „во цврста врска“ со оние на кои им е потребен.

– Дефинитивно научив како да поставувам граници и едноставно се чувствувам како да не должам никому ништо – изјави тој за странските медиуми и додаде:

– Ова ми помогна едноставно да кажам НЕ и да бидам цврст во своите одлуки. Знам дека моето срце сака да им помагам на другите, но не можам да сторам се одеднаш. Сакам, но не е можно.

Слични содржини