Како изгледа фустанот кој Џеј Ло го носи веќе цела деценија? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Јавните личности внимателно ги избираат своите модни комбинации, па затоа е познато дека повторувањето на предмети за облека обично не се практикува. Сепак, Џенифер Лопез не се откажува од еден фустан, кој е во нејзиниот плакар скоро цела деценија.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез е една од славните дами кои можат да се пофалат со завидна колекција на елегантни фустани, скапи чанти и, особено, најлуксузна спортска облека, но и покрај тоа, постои едно старо парче облека што изгледа дека никогаш не го напушта нејзиниот скапоцен гардеробер.

Станува збор за едноставен летен фустан во кој Џеј Ло се појави пред неколку дена во училиште во Лос Анџелес. Составен е од крем горен дел и долго бело здолниште кое се шири веќе под градите, а е потпишана од A.L.C.

Пејачката за првпат се појави во овој фустан уште во 2012 година, кога излезе на роденденски ручек со нејзиниот тогашен партнер Каспер Смарт.

Слични содржини