Како Меган Маркл му оддаде почит на принцот Филип?

од Vladimir Zorba

Денес беше одржан погребот на британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета. Неговиот внук принцот Хари дојде на погребот од Америка, а неговата сопруга Меган Маркл остана во Калифорнија, бидејќи лекарот и забрани да патува поради напредната бременост. Сепак, откриено е дека Хари и Меган заедно успеале да му оддадат почит на војводата од Единбург.

Војводата и војвотката од Сасекс испратија венец со цвеќе, со емотивна порака за принцот Филип. Тој беше легнат покрај ковчегот на починатиот војвода, а Меган Маркл, според британските медиуми, лично напишала порака во која се простила од дедото на нејзиниот сопруг.

Принцот Хари присуствуваше на погребната церемонија со остатокот од своето семејство, што е првпат да поминува време со нив по повеќе од една година.

Меган, која е во седмиот месец од бременоста, не доби одобрение од лекарот да патува. Иако таа не беше присутна лично, извори потврдија дека го гледала погребот пренесуван на телевизија.

Венецот, положен во име на Хари и Меган, беше рачно изработен и дизајниран од Вилоу Кросли, цвеќарница, која е ангажирана за сите специјални прилики од страна на војводата и војвотката од Сасекс. Таа направи аранжмани за нивната венчавка, како и крштевањето на нивниот син Арчи.

Венецот содржи многу цвеќиња од локално потекло, со сентиментални елементи, кои му оддаваат почит на војводата од Единбург. Меѓу другото, на венецот беше претставен националниот цвет на Грција, родното место на принцот Филип, но и цветот на Кралската морнарица. Аранжманот има кампанула, која симболизира благодарност и вечна љубов, но и рузмарин, лаванда и рози, како знак на месецот на раѓање на војводата во јуни.

Војводата од Едибург почина два месеци пред неговиот стоти роденден. Денес е погребан во кругот на неговото најблиско семејство, со највисоки државни почести.

Слични содржини