Како побрзо да заспиете и да се разбудите поодморени?

од desk2

Вистински среќници се оние кои успеваат да заспијат штом ќе легнат

На многумина им е тешко да заспијат кога ќе легнат иако се уморни и исцрпени, но и за тоа постои лек.

Милиони луѓе од целиот свет имаат проблеми со спиењето. За да го решите проблемот, доколку го имате, препорачуваме да пробате некои од следниве совети.

Променете го душекот

Ако спиете на истиот душек неколку години, можеби проблемот е во него и треба да го замените. Експертите велат дека е неопходно да го замениме душекот на секои 8 години, но тоа не е исто за сите душеци. Ако вашиот кревет е неудобен тогаш нема да можете добро да се наспиете и да се одморите. Да не зборуваме за тоа дека повеќе нема да имате болка во вратот и грбот.

Престанете да јадете доцна навечер

Нема човек кој не се прашува дали да јаде пред спиење, но ако јадете тешка и зачинета храна пред спиење кажете збогум на мирната ноќ. Тука е и желбата за слатки и закуски. Избегнувајте газирани и засладени пијалоци и испијте ладен билен чај кои ќе ве опушти или обична вода.

Намалете гледање во екранот пред да одите да спиете

Електричните уреди пред спиење се голема грешка бидејќи го намалуваат производството на мелатонин кој го регулира хормонот на спиењето. Наместо тоа, вашиот мозок ќе биде целосно збунет. Половина час пред спиење, немојте да гледате во екрани и заборавете на Instagram и Facebook, но исто така и на телевизорот.

После неколку недели, ќе забележите голема разлика и подобрување во квалитетот на спиењето и ќе бидете поодморени.

Слични содржини