Како правилно да го носите популарниот „nude“ кармин?

од Elena Daskalova

Популарниот кармин во месо-боја треба внимателно да го одберете бидејќи лесно може да се случи со само една погрешна нијанса да изгледаде како воопшто да немате усни на лицето.

 

Од друга страна, овие кармини се многу практични бидејќи се безбеден избор за секој тип шминка и лесно се прават корекции ако се избришат или размачкаат. Но, како и за сè друго, така и нив треба да ги избирате соодветно на вашиот тип на кожа и бојата на тенот.

Ако имате ладен тен, ви требаат кармини со виолетов тон, а ако сте топли, тогаш можете и со црвените тонови. Изберете најпрво пигментирано моливче за усни, со кое ќе можете да ги исцртате усните и да ги обоите, а потоа да ги нагласите само со сјај за усни.

Моливчето за усни е задолжително при користење кармин во месо боја, бидејќи на тој начин се избегнува токму ризикот кој го напоменавме, да изгледате како да немате уста. Имајте предвид и дека не треба да користите кармин кој е посветол од природната боја на усните бидејќи ќе личите како да сте ставиле коректор.

Некои брендови имаат цела линија на месо-боја кармини и меѓу нив можете да го најдете токму оној кој ви одговара. Ако можете, набавете мостра која ќе ја испробате, па потоа ќе можете да изберете кој ќе го купите. Испробувајте ги на дневн светлина.

Кога еднаш ќе го најдете идеалниот месо-боја кармин, можете да го комбинирате и во дневни и во вечерни и во свечени варијанти. Ако имате блед тен користете ги потемните нијанси, но не премногу кафеави, бидејќи на вашето лице може да изгледаат дури и како црни.

Слични содржини