Какво ќе биде времето за Нова Година?

од Radmila Tasevska

За време на новогодишната ноќ не очекува топло време, особено на повисоките места. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека не очекува период на стабилното време со релативно високи дневни температури, освен по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури.

Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места.

На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Слични содржини