Калеска-Ванчева: Пратениците да покажат одговорност и да го поддржат новиот Закон за ЈО (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Денеска до Собранието на Република Северна Македонија се доставува Предлог законот за Јавното обвинителство што е во интерес на реформите и правдата. Со новото законско решение Специјалното јавно обвинителство станува дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција“, вели Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Токму тоа беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да стане дел од Јавното обвинителство кој што беше прифатен. Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на партиите туку логичен след на настаните“, смета Калеска-Ванчева.

Слични содржини