Камерунци сакале да влезат во Македонија со туѓи лични документи

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека на Меѓународниот аеродром во Скопје биле откриени две лица од Камерун кои во нивниот личен багаж имале лична карта и патна исправа на име на други лица, полицијата пронашла и две шишиња со непозната течност.

Според МВР, денеска во 00.10 часот на Граничниот премин – Меѓународен аеродром Скопје, при пасошка контрола и проверка кај лицата М.Б.С.(40) од Камерун, со француска патна исправа и Р.Ф.(36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург, полициски службеници во нивниот личен багаж пронашле една француска лична карта и камерунска патна исправа на име на други лица, како и хартија во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од по 50, 100, 200 и 500 евра и две шишиња со непозната течност.

Предметите им биле одземени, а на лицата не им бил дозволен влез во Република Северна Македонија.

Слични содржини