Канје Вест исвиркан на „Супербол“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

КАНЈЕ ВЕСТ се појави на „Супербол“ со ќерката Норт и синот Сент. Кога камерите го снимија и го покажаа на големото платно, свирежи на неодобрување се слушнаа на стадионот.

Канје, кој го промени своето име во Је, носеше црна маска која му го покрива целото лице. Додека публиката на стадионот го исвиркуваше, Канје не реагираше. Тој се појави на „Супербол“ само неколку часа откако на Инстаграм ги нападна својата поранешна сопруга Ким и нејзиното ново момче Пит Дејвидсон.

Неговото необично модно издание на натпреварот инспирираше многумина за мемиња.

Меѓутоа, кога шоуто започна на полувремето со Др. Дре, Еминем, 50 сент и другите, Канје беше снимен како добро се забавува.

Освен Вест, на „Супербол“ беа видени и многу други познати личности како Џастин и Хејли Бибер, Кендал Џенер, Девин Букер и Двејн Џонсон.

Слични содржини