Канје Вест стои зад контроверзните ставови за абортусот

од Vladimir Zorba

Раперот Канје Вест изјави дека стои зад неговите контроверзни ставови за укинување на абортусот, што прв пат го спомена на предизборниот митинг во Каролина на почетокот на овој месец.

„Плачев на помислата дека Ким и јас ќе го абортираме на нашето прво бебе. Ме плаши фактот што светот мисли дека не вреди да се плаче заради абортусот“, напиша Канје на Твитер.

Потоа додаде дека повеќе од дваесет и два милиони бебиња со темна кожа се абортирани во изминатите педесет години во САД.

Канје го одржа првиот предизборен митинг во Каролина, зборувајќи за структурите на моќ кои влијаат на Афроамериканците. Вест тогаш изјави без никакви докази да ги потврдат неговите тврдења, дека „Хариет Табман никогаш не ослободила робови, туку само ги натерала да работат за други бели луѓе“.

Вест, кој на 4 јули ја објави својата кандидатура за претседател на САД на изборите на крајот на годината, помина еден час на сцената во Чарлстон, Јужна Каролина. Носеше панцир на телото и избричи „2020“ на главата.

Кога зборуваше за расата, Вест стана видливо емотивен. „Најголемата расистичка изјава досега кажана е дека Канје Вест, ако се кандидира за претседател, ќе ги подели црните гласови“, рече тој.

Тој зборуваше на различни теми, вклучувајќи религија, неговите деловни планови, финансирање на училиштата и ја критикуваше Демократската партија, за која рече дека никогаш не им помогнала на Афроамериканците.

Исто така, се осврна на абортусот, изјавувајќи дека верува дека абортусот треба да биде легален, но дека секоја мајка која ќе одлучи да има дете, како што вели, треба да добие милион долари.

Слични содржини