Карагер: Ако го прашувате Тен Хаг, не верувам дека го сака Роналдо

од Vladimir Zorba

Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер проговори за маките на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

„Секогаш мислев дека неговото враќање во Јунајтед е чуден трансфер. Чувствував дека ќе дојде до таква ситуација, иако на Роналдо му оди добро во Јунајтед“, прокоментира поранешниот англиски репрезентативец за „Скај Спортс“.

„Кариерата му е продолжена бидејќи е голем професионалец, но веќе има 37 години, а во текот на сезоната ќе има 38. Тој не е истиот фудбалер, тој останува голем стрелец, но не е истиот играч повеќе. Може да грешам, но ниту еден друг клуб во Европа не го сака“, беше пресудата на Карагер.

„Не гледам како Манчестер Јунајтед може да се ослободи од него бидејќи никој не го сака. Ако го прашате Тен Хаг, не верувам дека го сака. И не сум сигурен дека соблекувалната на Јунајтед го сака Роналдо во моментов. “ заклучи Џејми Карагер.

Слични содржини