Карди Би на својот сопруг му подари 500 илјади долари за роденден

Американската раперка Карди би одлучила да му приреди забава на својот спруг Офсет, која ќе ја памети цел живот, и во тоа и успеа.

Небројни литри алкохол, полуголи девојки, гласна музика и пари кои летаат на сите страни се зборовите со кои би се опишала забавата.

View this post on Instagram

🖤

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Иако многу жени не би одобриле својот маж да се забавува со стриптизети, Карди изнајмила неолку девојки кои цела вечер танцуваа околу него.

Забавата се одвивала во ноќен клуб во Лос Анџелес, а како што пренесуваат транските медиуми, стриптизетите биле почестени со цифра од околу 500-1.000 долари. Пари „летале“ насекаде по клубот, а подот буквално не можел да се види од нив.

И самата Карди пред да стане раперка била стриптизета. И тоа една од најпознатите во Америка, а во една вечер знаела да заработи и повеќе од 200 долари.

Таа со своите обожаватели го сподели моментот кога на својот избраник му го дава роденденскиот поклон. Иако многумина очекувале нешто оригинално во нејзин стил, Карди ги шокираше фановите. Му поклонила вртоглави 500.000 долари.

Слични содржини