Карди Би „под нож“ поради вербално насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната Карди Би признала на кои се естетски операции била подложена со цел да си ја врати самодовербата. Таа раскажала дека морала да оди „под нож“ затоа што со години ја малтретирале поради физичкиот изглед.

Веднаш штом се прослави, Карди сакала да стави крај на злобните јазици и да ги поправи оние делови од телото од кои не била задоволна. Ја малтретирале бидејќи немала облини додека растела, поради што се чувствувала грдо и неразвиено.

– Бев многу слаба кога бев помлада, а во Бронкс се се врти околу тоа да имаш тесен струк, а голем задник. Момците ми велеа дека имам рамен задник, дека воопшто го немам и поради тоа се чувствував лошо и себеси си изгледав грдо – објасни таа.

Кога имала 18 години, Карди станала танчерка и имала доволно пари да ги зголеми градите, па секоја несигурност околу нејзиното деколте исчезнала.

– Кога наполнив 20 години, работев во стриптиз клуб, а таму мораше да имаш голем задник. Тогаш бев несигурна околу тоа. Тоа ме врати назад во средно училиште, па затоа направив задник и бев полна со самодоверба поради тоа – вели пејачката. Сега, додава таа, задоволна е со својот изглед, но сепак ќе има периоди кога ќе биде несигурна за себе.

– Срамежлива сум и мислам дека тоа никогаш нема да ми помине.

Слични содржини