Карлеуша повторно провоцира од Дубаи (ФОТО)

од Nikola Popovski

Поп-sвездата Јелена Карлеуша во моментов е на одмор во Дубаи со своите ќерки. Фотографиите што ги објави на својот Инстаграм во неколку наврати сведочат за тоа како си поминува.

Првата фотографија, на која Карлеуша позира на плажа во бело мини бикини, била објавена пред два дена.

Веднаш потоа, следеле и други фотографии. На некои пејачката е сама, а на една позира заедно со своите ќерки Атина и Ника.

Нејзините обожаватели имаа можност да ја видат во розов фустан со гол стомак и голем шлиц, но и во други минијатурни костими за капење во разни бои.

Ова не е првпат Јелена Карлеуша да објавува првокативни фотографии од нејзиниот одмор.

Тоа го сторила и за време на претходните посети на Дубаи, но и двапати минатата година, кога летувала во Турција.

Слични содржини