Карлеуша загрижена, Тошиќ со маска на лицето поради коронавирусот

од Elena Daskalova

Сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, игра за кинеска екипа, а деновиве во Кина сите носат заштитни маски на лицето, поради епидемијата со корноавирусот.

Според кинеската здравствена комисија, досега се заболени околу 7.700 паиценти, од кои 1.370 се во критична состојба и се под постојан лекарски надзор. Се набљудуваат и следат уште околу 80.000 лица кои потенцијално биле во контакт со заразени. Досега од болница излегле 124 пациенти кои се излечени по заразата.

Тошиќ на Инстаграм објави фотографија со маска на лицето, на тој начин ширејќи ја свесноста за заштита и намалување на бројот на заразени. Пејачката се надева дека нејзиниот сопруг не е меѓу оние потенцијално заразените лица.

Слични содржини