Касами ќе го предомислува Заев: Оваа недела ќе се сретнам со него, ние имаме договор

од Nikola Popovski

Оваа Влада има мандат и треба да продолжи и нормално дека приоритет е интеграцијата во Европската Унија, вели новиот градоначалник на Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами во емисијата „Клик плус“.

Според неговите зборови, тој се уште немал средба со премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе поднесе оставка.

-Ќе се сретнам со него оваа недела. Ние имаме договор со Заев, кој е претседател на СДСМ. Ние добивме мандат од граѓаните на изборите во 2020 година и имаме обврска да го продолжиме мандатот. Заев не се консултираше со партнерите во коалицијата пред да ја соопшти одлуката, посочи Касами.

Тој додава дека како претседатели на партиите во коалиција пред, што и да претендираат, треба да се консултираат меѓусебе.

Слични содржини