Ќе има ново мени за исхрана во градинките

од Nikola Popovski

Министерката Јагода Шахпаска информираше дека министерството за труд и социјална политика започнува соработка со Ново Нордиск, УНИЦЕФ и Институт за јавно здравје која ќе резултира со подготовка на ново мени за исхрана во градинките.

Како што информираат од МТСП, на денешниот состанок на кој присуствувале првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, претставници од УНИЦЕФ, Институт за јавно здравје, МТСП и фармацевтската компанија Ново Нордиск, министерката Шахпаска посочила дека уште поважен е процесот на прифаќање и едукација на вработените во градинките, родителите и децата за важноста и потребата од исфрлање на лошите навики во исхраната и поголем внес на свежи и здрави намирници.

Претставниците на фармацевтската компанија Ново Нордиск Свесни истакнале дека се свесни оти за успех на проектот најпрво е потребно запознавање, едукација, прифаќање, па дури потоа доаѓаат промените.

Слични содржини