Мнозинството од Конзервативната партија на Меј гласаше заедно со опозициската Лабуристичка партија во поддршка на пристапот на премиеротсо 420 гласа, иако само 110 пратеници се изјаснија “против”. Основниот бунт дојде од конзервативците, приврзаници на хард Брегзит кои сакаат Брегзит да се случи што е можно поскоро.

  “Сите ние треба да сме свесни за она што ќе биде тоа продолжување – целата работа е, за да сме сигурни дека излегуваме од ЕУ навремено и по правилата , што значи да излеземе со договор “, коментира правен советник на британската влада Роберт Бекланд пред гласањето.

Дебатата се одржа додека Меј беше во посета на Берлин и Париз за да добие поддршка за нејзината молба за повеќе време за да се обиде да најде нов план за излегувањето на Велика Британија од ЕУ, кој може да собере поддршка на нејзините политички противници по дома.

Самото гласање беше кулминација на без преседан заплет на власт во парламентот од пратениците кои оваа недела усвоија закон против желбите на владата, барајќи гаранции дека Меј нема да дозволи Велика Британија да излезе од ЕУ без договор на 12 април.

  Но бидејќи Меј веќе побара одложување и без одредени алтернативни датуми, избрани да бидат изгласани од пратениците во вторникот, гласањето не беше точка на палење во долгата политичка криза во земјата за тоа како да се спроведе Брегзит.

Независно од тоа, процесот на усвојување на закон кој ќе ги  предизвика дебатите денес, дополнително поткопаниот политичкиот авторитет на Меј, докажува  дека парламентот е способен и подготвен да ја заобиколи владата ако не се согласува со нејзините активностите   по Брегзит.

Во меѓувреме беа земени извадоци од нацрт-одлуките на самитот на ЕУ во Брисел. Од нив, станува јасно дека лидерите на земјите членки се договориле за уште едно одложување на Брегзит,  меѓутоа точниот датум на максималното одложување ќе биде земена на утрешната средба.