Ќе се бараат ли сертификати за влез во избирачките места во Македонија?

од Vladimir Zorba

Избирачкиот одбор ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на протоколите за здраствена заштита на денот на изборите, велат од Државната изборна комисја во изјава за „Локално“.

Оттаму објаснуваат дека на избирачките места сите присутни задолжително ќе носат заштитна маска и ќе ги дезинфикуваат рацете,за дезинфекцијата на објектите ќе биде задолжени самите општини.

-Во однос на сертификатите за вакцинација укажуваме дека правото на глас е загарантирано со Уставот на РСМ и истото не може да се ограничи со било каков сертификат или било кој дополнителен услов, освен условите кои се предвидени во Уставот на РСМ и Изборниот законик. Такво право на ограничување на правото на глас или условување на тоа право нема ниту ДИК ниту било која друга институција, објаснуваат од изборната комисија.

Во секое избирачко место, како што велта од ДИК ќе има толку гласачки ливчиња колку што има запишани гласачи во тоа избирачко место.Кочан со гласачки ливчиња за избор на градоначалник на општина и кочан со гласачки ливчиња за избор на членови на совет на општина. за општините кои вршат избор за градоначалник на Град Скопје и за членови за совет за Град Скопје и дополнително кочани од гласачки ливчиња за тоа.

Постапката за гласање на овие локални избори како што објасни од ДИК за „Локално“ ќе се одвива на следиот начин:

1. Идентификување на личниот идентитет на гласачот со документ за лична идентификација (лична карта или пасош) ,

2. Идентификување на гласачот со Уредот за биометриска идентификација на гласачи (УБИГ),

3. Проверка и потпишување во избирачкиот список,

4. Издавање на гласачки ливчиња ( гл.ливче за градоначалник на општина и гл.ливче за членови на совет на општина),

5. гласање позади гласачкиот параван,

6. спуштање на гласачкиет ливчиња во соодветната гласачка кутија.

Гласањето со фингерпринт е новина во Северна Македонија, којашто за првпат ќе го воведе овој електронски систем на локалните избори на 17 октомври.

Целта е да се обезбеди повисок степен на регуларност на изборите преку електронска контрола на отпечатокот од прст (фингерпринт) како гаранција дека едно лице гласа на едно место и не ќе може да гласа повторно.

Б.М.

Слични содржини