Ќе се прегласува во Дебар

од Берта Китинска

Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место број 0543, и таму ќе се изврши прегласување.

-Приговорот на Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик, се уважува. Се поништуваат резулатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место бр.0543 на Локални избори 2021 година, стои во соопштението од Управниот суд.

Како што информираат оттаму, оспореното Решението на ДИК се поништува и се одлучува да се уважи приговорот на Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива од Тетово за повреда на постапката за гласање и сумирање на резултати предвидена со Изборниот законик.

 

Слични содржини