За првпат по скандалот, Кејтлин Џенер зборуваше за Канје Вест

од Stefanija Kuzmanovska

Кејтлин Џенер се приклучи со видео линк во шоуто Good Morning Britain и во таа прилика јавно зборуваше за Канје Вест за првпат по низата скандали што го потресе семејството Кардашијан.

„Не сум го видела во последните неколку недели, но за него само можам да кажам само дека е прекрасен човек“, рече таа.

На прашањето што мисли за неговата кандидатура за претседател на Соединетите држави, таа одговори:

„Се во врска со тоа дознавам преку медиумите, како и другите. Тој го поминува поголемиот дел од времето во Вајоминг на неговиот ранч, а јас сум во Малибу“.

Патем, Кејтлин Џенер некогап беше Брус Џенер, американски олимпиец, а од бракот со Крис Џенер ги има ќерките Кендал и Кајли.

Таа додаде дека верува дека шпекулациите дека би можела да биде потпретседателка на Америка доколку Канје победи на изборите биле само шега и порача:

„Тој секогаш убаво се однесуваше кон мене, особено во последните пет години, кога минував низ сите овие кризи. Тој ми беше како најдобар пријател“, рече Кејтлин.

Слични содржини