Келнерка добила бакшиш од 4400 долари, а потоа и отказ од газдата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Келнерка од Арканзас која добила бакшиш од 4.400 долари од група клиенти добила отказ откако менаџерот на ресторанот ја принудил да подели бакшиш со друг вработен.

Грант Вајс, кој е сопственик на локална агенција за недвижности, приредил вечера во кафеана во Бентонвил и сите негови гости се согласиле да придонесат по 100 долари.

Вајс изјави за локалната станица „KNWA“ дека и дал бакшиш на шокираната келнерка Рајан Брант за да го сподели со друга келнерка која ги послужила.

Вајс исто така изјавил дека претходно проверил во ресторанот каква е политиката на куќата и дека добил потврда дека персоналот не е должен да споделува бакшиш со другите.

И покрај тоа, менаџерот на ресторанот ѝ наредил на Брант да го сподели бакшишот со останатите вработени.

„Ми рекоа да ги предадам сите пари на менаџерот на смена и да задржам 20 отсто“, изјавила Брант за ТВ Фокс 59, додавајќи дека во текот на три и пол години што работела во ресторанот, никогаш не делела бакшиш со други.

Брант, која студира шпански на Универзитетот во Арканзас, изјавила дека е „скршена“ затоа што морала да се откаже од толку голем бакшиш и дека со тие пари планирала да плати некои студентски долгови.

Неколку дена подоцна, Вајс дознал дека Брант добила отказ бидејќи ги „прекршила“ правилата на ресторанот, кажувајќи му каква е нивната политика во однос на бакшишот.

Тој потоа организирал кампања за собирање средства за Брант за да може да се снајде додека не најде друга работа, што успеала да го направи многу брзо.

Слични содржини