Кемба Вокер со уникатно достигнување во НБА

од Vlatko K

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Кемба Вокер постигна 60 поени за својот тим при синоќешниот
пораз од Филаделфија со 76-ерс со 119:122.

Така 28-годишниот Вокер стана само втор НБА играч во историјата со максимален раст од 185
сантиметри, што постигнал 60 поени во натпреварот.

Досега, поранешниот бек на Филаделфија Алан Ајверсон, кој е висок 183 сантиметри, можеше да се
пофали со таков успех. Вокер е два сантиметри повисок.

Џоел Ембид постигна 33 поени и 11 скокови за успехот на 76-ерс над Шарлот. Неговиот соиграч Бен
Симонс исто така направи „дабл-дабл“ – 23 поени и 11 скока.

Резултати од НБА:
Бруклин – Лос Анџелес Клиперс 119:127
Шарлот – Филаделфија 119:122 по продолжение
Индијана – Атланта 97:89
Орландо – Лос Анџелес Лејкерс 130:117
Њу Орлеанс – Денвер 125:115
Бостон – Јута 86:98
Чикаго – Торонто 83:122
Хјустон – Сакраменто 132:112
Далас – Голден Стејт 112:109
Феникс – Оклахома Сити 100:110

Слични содржини