Кети Пери ја тужеше Кети Пери, а сега пристигна и контратужба

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската дизајнерка Кети Пери ја тужеше американската пејачка Кети Пери за „користење на истото име“, а сега пристигна и контратужба од пејачката.

Сопственичка на бројни музички хитови и една од најуспешните поп-ѕвезди на денешницата, е тужена за наводно кршење на трговската марка на компанијата „Кети Пери“, која продава облека во Австралија. Странските медиуми јавуваат дека компанијата и Кети Пери имаат исто име, а модниот дизајнер ја тужел пејачката на суд во 2019 година и открил дека таа го регистрирала заштитниот знак уште во 2008 година.

Од друга страна, славната пејачка своето уметничко име го усвои уште во 2004 година, користејќи ја кратката форма на нејзиното име и моминско презиме на нејзината мајка, за да не се идентификува со актерката Кејт Хадсон, бидејќи Хадсон е нејзиното вистинско презиме.

Вистинското име на австралиската модна дизајнерка е Кети Џејн Тејлор, а таа тврди дека пејачката ѝ ја украла идејата да го додаде моминското презиме на нејзината мајка, што „ѝ нанело огромна штета на работата“.

Поп-ѕвездата и нејзиниот адвокатски тим ги негираа ваквите обвинувања.

 

Слични содржини