Кетрин Зета Џонс одмара на чудно место ова лето

од Vladimir Zorba

Холивудската актерка Кетрин Зета-Џонс е родена во Свонси, приморски град на јужниот брег на Велс, а летово реши да го помине во блиската Ирска. Таа на социјалните мрежи сподели неколку моменти од патувањето каде го поминува времето со сопругот, а откри и како се забавуваат.

Еден од најпознатите холивудски парови претстојува во Адаре Манор, огромен имот кој некогаш бил седиште на грофот од Данрејвен и Маунт-Ерл, кој е претворен во одморалиште со пет ѕвезди и луксузен хотел за голф.

Двокреветни соби во овој хотел може да се резервираат по цена од 525 евра од ноќевање во пред-сезона и 925 евра од ноќевање во екот на сезоната.

Таму уживаа играјќи голф, а не ја пропуштија приликата да направат и сувенир фотографија држејќи ги стаповите за голф. Следбениците на славната двојка и посакаа добредојде во Ирска и убаво време.

Дека убавата актерка е секогаш негувана, покажа и на овој одмор, за кој носеше црна комбинација која ја зачини со стилски очила за сонце и капа за да се заштити од сонцето.

Слични содржини