Киев: Русија веќе го користи „Северен тек 2“ како оружје против Украина

од Nikola Popovski

Шефот на администрацијата на украинскиот претседател, Андреј Јермак, смета дека Русија веќе го користи „Северен тек 2“ како оружје против Украина.

Говорејќи на форумот „Yes brainstorming“, Jермак рече дека цените на бензинот во Европа се доказ за тоа.

Во таква ситуација, додаде тој, веќе е неопходно да се разгледаат конкретни варијанти на реакција.

„Дејствата за кои зборувавме во Вашингтон, акциите за кои германската канцеларка Ангела Меркел зборуваше во Киев, веќе е неопходно да се премине од зборови на дела“, убеден е тој.

Цената на гасот во понеделникот достигна историско највисоко ниво, надминувајќи 585 долари за илјада кубни метри.

Треба да се потсети дека Русија постојано потенцираше дека „Северен тек 2“ не треба да се споменува во контекст на каква било политизација, бидејќи се работи за чисто комерцијален проект од корист и за Русија и за ЕУ.

Покрај тоа, Министерството за надворешни работи постојано потенцираше дека Москва е подготвена да продолжи со транзитот низ територијата на Украина, но дека тоа зависи од неколку фактори, како што е обемот на идната побарувачка.

Слични содржини