Киев: Во напад на областа Чернигив загинаа најмалку осум лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во руски воздушен напад врз селото Десна во областа Чернигив во северна Украина, соопшти регионалната служба за итни случаи.

Зборуваше и гувернерот Вјачеслав Чаус, кој не прецизираше колку се повредени и загинати, туку само изјави дека се повредени уште Украинци, а се претпоставува дека има и мртви, додава Би-би-си.

Во видеото на Фејсбук, гувернерот Вјачеслав Чаус ја обвини Русија дека истрелала четири ракети, од кои две погодиле објекти во селото, но не прецизирал дали станува збор за станбени или индустриски објекти.

Слични содржини