Кифли со јогурт и сирење

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 550 гр брашно

– 1 квасец

– 1 белка од јајце

– 200 мл млеко

– 100 мл масло

– 100 гр јогурт

– 1 лажичка сол

Фил:

– 200 гр сирење

– 2 лажици кисела павлака

– 1 јајце

– магдонос, по вкус

– 1 жолчка од јајце

– малку млеко

Подготовка:

Соединете го брашното со сите суви состојки, потоа додадете ги течните состојки и замесете тесто. Оставете го да отстои на топло место 30 минути.

Додека тестото отстојува, подгответе го филот и плех обложен со хартија за печење.

Здробете го сирењето што е можно поситно, а потоа додадете јајце, павлака и магдонос по вкус. Расукајте го тестото на многу малку брашно и поделете го на 15 до 20 помали парчиња.

Секое парче тесто развлечете го што потенко, па од едната страна ставете голема лажица фил, од другата засечете малку и завиткајте ги кифличките. Ставете ги на плех да отстојат 20 минути.

Секоја кифла премачкајте ја со мешавина од млеко и жолчка и веднаш посипете ги со семки, а потоа печете ги кифлите во загреана рерна на 200 степени 20 до 25 минути додека не поруменат.

Слични содржини