Ким Јонг-ун ќе биде наследен од својата ќерка?

од Stefanija Kuzmanovska

Кандидатот за директор на јужнокорејската разузнавачка агенција Чо Тае Јонг денеска изјави дека ја гледа ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, Џу-ае, како негов најверојатен наследник.

Џу-ае, за која се верува дека е родена во 2013 година, се најде во центарот на вниманието откако нејзиниот татко ја донесе на местото на лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 на 18 ноември 2022 година, за време на нејзиниот прв јавен настап, објави Јонхап.

Оттогаш, нејзините јавни активности се фокусирани на воени настани.

Севернокорејските државни медиуми почнаа да ја нарекуваат Џу-ае „почитувана“ ќерка на Ким, наместо неговата сакана или најомилена ќерка, што ги подгреа шпекулациите дека таа се подготвува да биде наследничка на Ким.

„Врз основа на анализите на нејзините јавни активности и нивото на почит од моментот на нејзиното појавување во јавноста, се чини дека Ким Џу-ае најверојатно ќе биде наследник“, рече Тае Јонг.

Чо додаде дека се верува дека Ким има уште едно дете чиј пол не е познат.

Слични содржини