Кина и Русија започнаа воени вежби во Јапонското Море

од Stefanija Kuzmanovska

Кинеска поморска флота денеска отплови од источниот град Кингдао кон Јапонското Море, каде ќе им се приклучи на руските поморски и воени сили, со цел да изврши воени вежби со цел „зачувување на безбедноста на стратешките пловни патишта“, соопшти кинеското министерство за надворешни работи.

Пет кинески воени бродови и четири хеликоптери учествуваат во вежбата наречена „Северна/Интеракција-2023“, која тргна на „рандеву со руските сили на однапред одредена локација“, објави кинеското министерство на својот официјален профил на WeChat.

Во саботата, министерството објави дека руските поморски и воздушни сили ќе учествуваат на вежба одржана во Јапонското Море и ова ќе биде првпат руските воздушни и поморски сили заеднички да учествуваат на вежбата, пишува кинескиот „Глобал Тајмс“.

Руските воени бродови „Громки“ и „Савјершени“, кои учествуваат на вежбите, извршија одделни вежби со кинеската морнарица во Шангај претходно овој месец

Слични содржини