Кирацовски: До сега одговарале само Амди Бајрам и човекот со ќебапите

од Aleksandar Todeski

Претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски повика на плодна и агрументирана дискусија за предлог-законското решение за Јавно обвинителство наместо партиски дебати. Тој истакна дека досега најголемите забелешки се однесуваат токму кон правото и правдата, па од тука е итноста за реформа.

„Предложеното законско решение ја гарантира евроинтеграицјата. Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки партнери го поддржуваат ова законско решение. Од тука секоја блокада за клучно решение како ова претставува свесна блокада на правдата. Време е сите да сфатат дека иднината на граѓаните е најважна и да заборават на тесно-партиските интереси. До сега одговарале само Амди Бајрам, Соња Николовска од ТАТ и човекот со ќебапите“, рече Кирацовски.

Тој подвлече дека на јавната расправа треба да се отворат сите аргументи со цел да се види кој е за правна држава и додаде дека политиката мора да остане надвор од обвинителството и да остави простор за независно и стручно постапување, а според него, тоа може да се постигне ако го донесат сите заедно овој Закон.

А.Т.

Слични содржини