Кириос на патот на Федерер во обидот да се врати на првото место на АТП листата

од desk4

Австралиецот Ник Кириос го елиминира вицешампионот од минатата сезона Фелисиано Лопез (Шпанија) и ќе игра против Швајцарецот Роџер Федерер во полуфиналето на турнирот во германскиот град Штутгарт, со награден фонд од 656 илјади евра.

Четртиот носител пласираше 20 аса при успехот над осмиот во шемата Лопез со 6:4, 3:6, 6:3 за 82 минути игра. Австралиецот, кој дебитираше во турнирот во оваа сезона, направи ран брејк во решавачкиот трет сет, поведе со 3:0 и без проблеми ја задржа предноста до крајот.

Така Кириос ќе се соочи со Федерер, кој ќе се обиде да стигне до првото финале во Штутгарт, со што ќе се врати на првото место на светската ранг-листа.

Слични содржини