Клуни: Се дружев со Трамп, таков човек не треба да биде претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Светски познатиот актер, Џорџ Клуни (61) гостуваше во Си-Ен-Ен каде меѓу другото разговараше и за политика.

Клуни е познат како противник на Доналд Трамп, па новинарот го праша што мисли за неговите намери повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Клуни раскажа дека се дружел со Трамп во 2000-тите и го имал неговиот телефонски број.

„Тој беше тип кој доаѓаше во барови и ме прашуваше кои келнерки се слободни. Знаете, тој беше таков“, наведе Клуни, додавајќи дека „тип“ како него не треба да биде претседател.

„Верувам дека нашата демократија ја плати цената за тоа. Загрижен сум за можноста тој да се врати, не мислам дека шансите се големи, како што некои мислат, но загрижен сум. Мислам дека сме во време кога ни требаат интересни кандидати“, додаде Клуни.

Слични содржини