Кои благодати ги има врз вас божикниот пост?

од Elena Daskalova

Постот се состои од воздржување од мрсна храна, злобни мисли, похота, но и практикување на редовна молитва и правење добри дела. Божикниот пост е еден од двата најдолги пости во годината.

За тоа време верниците треба да се придржуваат на правилата на црквата за постење, кои можете да ги пронајдете ТУКА.

Но, како постот влијае врз верниците и кои се неговите благодати?

Умереност со храната

Постот не е само воздржување од намирници од животинско потекло. Важно е и да бидете умерени во количините, но и скромни во начинот на припремање. Почитувајте го она што природата го дала, јадете ги овошјата и зеленчуците во нивниот природен облик, чајот пијте го без шеќер, пијте доволно течности, а во деновите кога е дозволено масло, користете ладно цедено.

Постот ќе ве научи да бидете умерени, да не подлегнувате на искушението за грицки и десерти, засладени сокови и енергетски пијалаци и секако, да ја прескокнете брзата храна.

Прочистување на телото, умот и душата

Постењето во христијанството е многу повеќе од начин на исхрана. Тој е и воздржување од лоши мисли, односно да се мотивирате себе да ги анализирате своите дела, да се покаете, како и редовно да се молите.

За кого не е постот

Постот е наменет за здравите и возрасни христијани. Но, не е препорачлив за мали деца, бремени жени, доилки и работници кои работат тешка физичка работа, како и за луѓе кои се болни од сериозна болест.

Слични содржини