Кои се петте најсреќни земји во светот за 2021 година?

од Vladimir Zorba

Што ја прави една земја среќна?

Дали е тоа пристап до квалитетна здравствена заштита, висок животен век, финансиска стабилност, слобода, социјални врски или комбинација од се?

И како да рангирате нешто што е речиси невозможно да се измери?

Ова е предизвик со кој Светскиот Извештај за среќа (World Happiness Report) се соочува во текот на изминатите девет години, потпирајќи се на широк спектар на податоци – најмногу на Светското истражување на „Галуп“, за да го одреди рангирањето на секоја земја во светот кога станува збор за среќа, или како извештајот го нарекува „национални просечни проценки на животот“.

Покрај земање предвид на вообичаените податоци, оваа година тимот ги разгледува ефектите на КОВИД-19 врз квалитетот на животот на луѓето, земајќи ги предвид сè, од менталното здравје и социјалната интеракција до безбедноста на работното место и одговорот на владата на пандемијата, укажува „T+L“.

Нивните наоди привлекуваат внимание на земјите кои не само што им нудат на своите жители среќен и квалитетен живот, туку и обезбедуваат благосостојба на нивните граѓани во текот на турбулентната ера на КОВИД-19.

1. Финска

Можеби Финска има студени и темни зими, но северниот начин на живот очигледно им одговара на нејзините граѓани, кои трета година по ред ја ставаат земјата на врвот на листата на најсреќни земји (во 2017 година е на петто место).

Со оценка од 7.889, Финска повторно го поставува тонот за другите нации кога станува збор за фактори како што се социјалната поддршка, очекуваниот животен век, слободата, перцепциите за корупција и антиутопијата.

На своите жители и посетители им нуди пристап до огромните национални паркови, скијачките одморалишта и култниот регион Лапонија во земјата.

2. Исланд

Оваа северна островска нација е сакана од патниците поради нејзиниот неверојатен пејсаж, исполнет со топли извори, вулкани, гејзери и прекрасни крајбрежни водопади.

Но, додека Исланд е популарна дестинација за туристите во последниве години, оние кои живеат тука во текот на целата година уживаат во квалитет на живот што ги става на второ место во Светскиот извештај за среќа (искачувајќи се од четвртото место во 2020 година).

3. Данска

Премостувајќи го јазот меѓу скандинавските земји Норвешка и Шведска и континентална Европа, оваа нација има многу острови, иконското пристаниште Нихавн и прекрасниот главен град Копенхаген.

Земјата падна од второто место во 2020 година на третото во 2021 година, но остана доследна на своето присуство во првите пет од најсреќните земји во светот долги години.

4. Швајцарија

Швајцарија е мала земја која се наоѓа помеѓу Франција, Германија, Австрија и Италија. Нудејќи некои од најубавите планини во светот, таа е дом на неверојатни алпски села, прекрасни езера, скијачки центри, пешачки патеки и светски познатата индустрија за часовници и чоколади.

Помеѓу другите фактори, земјата може да се пофали со стабилен, висок БДП кој на своите жители им нуди финансиска сигурност.

5. Холандија

Домот на оваа европска нација се наоѓа на северозападниот брег на континентот. Миленик на туристите, главниот град на земјата, Амстердам, е познат по своите канали, улици погодни за велосипеди, музеи и куќата во која се криела Ана Франк за време на Втората светска војна.

Покрај тоа што секоја година привлекува импресивен број посетители, земјата е дом на многу среќни локални жители, што и го одредува петтото место во Светскиот извештај за среќа за 2021 година.

Слични содржини