Кои се тениските легенди, кои му прават друштво на Ѓоковиќ во „Клубот 900“?

од Vladimir Zorba

Фото: atptour.com

Српската тениска sвезда Новак Ѓоковиќ стана шестиот тенисер во историјата што забележа 900 победи на АТП турнејата, откако денеска го совлада Германецот Јан-Ленард Струф во четири сета во првото коло на Австралија опен. Со овој успех, светскиот број 2 се приклучи на елитното друштво на Џими Конорс (1274 победи), Роџер Федерер (1237), Иван Лендл (1068), Рафаел Надал (981) и Гиљермо Виљас (949).

„Овие рекорди се дел од мојата мотивација. Тие ме прават горд на она што го постигнав во мојата кариера. Но, сепак имам други поважни цели што се главната движечка сила“, коментира Ѓоковиќ. Интересно, на Србинот му требаа ист број на натпревари за да стигне до 900 победи, колку што му требаше на Надал – 1087. Најбрз што стигна до 900 беше Конорс, кој го направи во рок од 1.044 натпревари.

Ова достигнување уште еднаш ја демонстрира извонредната постојаност на sвездата – тој постигнува најмалку 60 победи за десет последователни години (помеѓу 2007 и 2016 година), а врвот беше во 2015 година кога забележа 82 успеси, стигна до 15 последователни финалиња и освои три Гренд Слем титули. Повеќето успеси на Србинот се на неговата омилена подлога – цврстите терени каде забележа 581 победи.

Првата победа во кариерата на Ѓоковиќ беше во 2004 година во меч против Јанис Скодерис за „Дејвис купот“, а победата број 500 беше остварена на Ролан Гарос против Григор Димитров во 2013 година.

Слични содржини