Кој е најпродаваниот електричен автомобил во Европа?

од desk2

На секои 10 минути се продава по еден примерок од овој автомобил во Европа.

За само една година од лансирањето, втората генерација Nissan Leaf стигна до статус на најпродаван електричен автомобил во Европа.

26.000 примероци веќе им се испорачани на новите сопственици, од кои повеќето претходно не користеле електричен автомобил. Тоа значи дека Leaf е и најпопуларен модел кај возачите кои преминуваат од класични на електрични возила.

Leaf има константен раст на продажбата на речиси сите европски пазари, од Австрија до Шпанија, а во Норвешка годинава е најпродаван автомобил за лична употреба во сите категории.

Од вкупниот број продадени возила досега, повеќе од 8.000 се испорачани за возни паркови на компании.

Покрај зголемениот досег и подобрените перформанси, дополнителни адути на Leaf се напредните технологии како ProPILOT и ProPILOT Park системот за автономно управување, како и системот e-pedal што го менува начинот на возење на автомобилот.

Од 2010 година наваму, продадени се над 350.000 возила Nissan Leaf, а автомобилот е достапен на 51 пазар и има освоено бројни награди.

Слични содржини