Колкави се шансите за да се заразите со ковид 19 доколку ги примите двете дози вакцини?

од Берта Китинска

Кај вакцинираните лица, кои ги примале обете дози, шансата за повторна инфекција била 0,5 проценти, покажа студија објавена во New England Journal of Medicine. Студијата е спроведена на 417 вработени на Универзитетот Рокфелер кои примиле две дози Pfizer или Moderna, а само од две биле повторно инфицирани. Односно две жени се  заразени со јужноафриканскиот вид, пренесува CNN.

Едната е потполно здрава 51-годишна жена, која доби позитивен тест за ковид 19 дена по приемот на втората доза на Модерна, а другата е исто така потполно здрава 65-годишна жена, која исто така беше позитивна на ковид по еден месец откако ја примила втората доза на Фајзер.

Слични содржини