Колку често жените глумат оргазам?

од desk2

Без оглед на причините, ново истражување открива дека три од четири жени во некој момент во животот лажирале оргазам и тоа го прават секој трети пат кога имаат односи, пишува Metro.

Истражувањето е објавено во Archives of Sexual Behaviour и во него се опфатени 463 Британки на просечна возраст околу 38 години.

Според резултатите, учесничките кои покажале антифеминистички став во текот на животот глумеле повеќе оргазми, во споредба со феминистките кои тоа го направиле помалку пати. Покрај тоа, ако жената верува дека мора да доживее оргазам за мажот да се почувствува добро во кревет поголема е веројатноста дека барем еднаш глумела оргазам.

„Тоа може да одрази неодлучност за искрено и отворено да се комуницира за сексот, вклучувајќи ги и сексуалните склоности и тешкотии во доживувањето оргазам“, се наведува во студијата.

Важно е да се напомене дека оваа студија е направена во помали размери, но во обѕир се земени факти како сексуалното минато и тоа колку лесно жените доживуваат оргазам, како и нивниот поглед на лажни оргазми и дали на тоа влијаело сомнежот за неверство.

„Жените на кои им е тешко да го достигнат врвот на задоволството и жените кои се сомневаат во верноста на партнерот се склони кон глумење оргазам“, вели д-р Емили Харси, главниот истражувач од Универзитетот Квинс во Канада.

Слични содржини